Шкендија славеше со 2-0 против Победа на првиот пријателски натпревар на стартот од подготовките за пролетниот дел од шампионатот.
На мечот кој се играше на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, тетовци до победата стигнаа со головите на Жуниор во 45. минута и Изаир Емини во 57. минута од средбата…
Составот на Ќатип Османи планира и уште еден тест дуел за време на подготовките во Охрид, а Победа ја очекува пресметката со Ренова која исто така се подготвува на охридското крајбрежје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА