Шкендија конечно се разигра, Работнички, Шкупи, Струга ТЛ… лесно до осминафинале

Требаше да дојде второлигашот Гостивар за конечно Шкендија голгетерски да се расположи во новата сезона. Шампионот со 1-4 славеше во 1/16-финалниот натпревар од Купот на Македонија, за лесен пласман во осминафиналето. Без никакви проблеми место во осминафиналето обезбедија и Работнички, Шкупи, Силекс, Борец како и Струга Трим Лум.

Деби гол во дресот на Шкендија постигна Бразилецот Хуан Фелипе кој погоди за водство од 0-1 во првото полувреме.

Драган Стојков, пак, донесе водство од 0-1 за Работнички на гостувањето против Велазерими во 38. минута, а во второто полувреме погодија уште и Паповиќ во 53. минута, Фазлиу во 56. минута и Давид Тошевски во 84. минута.

Со 0-4 славеше и Борец на гостувањето против Превалец, како и Силекс против Фортуна. Шкупи со 1-5 го победи Тетекс на стадионот Чаир во Скопје.

Ренова се спасуваше дури по пеналите на гостувањето против второлигашот Кожуф во Гевгелија откако во регуларниот дел мечот заврши без победник, 3-3.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (1/16-финале)

Кожуф – Ренова 3-3 (5-6 по пенали)

Кравари – Лабуништа 1-4

Локомотива – Струга ТЛ 1-5

Велазерими – Работнички 0-4

Превалец – Борец 0-4

Осогово – Победа 1-0

Охрид – Беласица 1-1 (4-3 по пенали)

Гостивар – Шкендија 1-4

Тетекс – Шкупи  1-5

Саса – Вардар (28. август)

ПРЕТХОДНО:

Кит Го – Пелистер 1-1 (4-5 на пенали)

Црнилиште – Брегалница 0-22

Љуботен – Тиквеш 1-5

Се вчитува...