Шкендија купува напаѓач од Генгамп за кој се интересираа Бенфика, Стоук и Аталанта

Актуелниот првак Шкендија е на чекор до ангажман на млад француски репрезентативец кој е член на Генгамп, а се поврзувал и со трансфер во Бенфика, Вулверхемптон, Стоук и Аталанта. Се работи за 19-годишниот напаѓач Абубакер Ес Сахал, кој треба да пристигне во Тетово и да потпише договор со раководството на Шкендија.

Абубакер ЕС Сахал има настапувано за младинските репрезентации на Франција до 17 и до 18 години и голем талент кој бара поголема минутажа со оглед дека во моментот е дел од вториот тим на Генгамп. Шкендија се подготвува за вториот дел од шампионатот на Македонија и се надева дека ќе успее да ја надомести негативата од осум бода во однос на лидерот Вардар.

 

Се вчитува...