ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 11. КОЛО….
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ (1-1)
Младеновски 68′ – Цветаноски 77′
Битола: ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА (0-3)
М. Стојанов 35′(п), 74′, Коцев 90’+3
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (2-0)
Елези 10′, Рамадани 65′
Скопје: СКОПЈЕ – ТИКВЕШ (2-1)
Јашароски 25′, 90’+2 – Коцев 49′
Велес: БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (1-2)
Ѓорѓевиќ 64′ – Мирчевски 32′, Шаркоски 87′
ВЧЕРА
ШКУПИ – РЕНОВА 2-1
====================================================================================
- Крај на натпреварите од 11. коло во ПМФЛ. Значајни победи за Шкендија, Брегалница, Академија Пандев и Скопје. Реми на дуелот меѓу Македонија ЃП и Струга ТЛ во Ѓорче Петров.
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ (2-1)
2-1 – 90’+2 – ГООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Јашароски со својот втор гол носи победа за скопјани на дуелот со Тиквеш
ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА (0-3)
0-3 – 90’+1 – ГОООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Брз контранапад на Брегалница, не успева Кудијан но Коцев од втора постигнува гол за убедлив триумф во Битола
БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (1-2)
1-2 – 87′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Погодок на Николче Шаркоски за ново водство на „пандевци“ во Велес
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ (1-1)
1-1 – 77′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Стружани преку Цветаноски израмнуваат во Ѓорче Петров
ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА (0-2)
0-2 – 74′ – ГОООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Одлична акција по левата страна на Маневски, топката до Мартин Стојанов кој од 12 метри шутира прецизно за 0-2
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ (1-0)
1-0 – 68′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Ефектен гол со глава на младинскиот репрезентативец Марио Младеновски за предност на „лавовите“
БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (1-1)
1-1 – 64′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Крста Ѓорѓевиќ го израмнува резултатот во Велес
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (2-0)
2-0 – 65′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Прекрасна акција на Дориев, па Флорент Рамадани мајсторски постигнува гол со шут од 15 метри за 2-0
ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА (0-1)
!!! – 57′ – Поради постојани протести тренерот на Пелистер, Димитар Капинковски доби црвен картон и исклучување од натпреварот!
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ (1-1)
1-1 – 49′ – ГОООООЛ ЗА ТИКВЕШ. По брзата акција по десната страна, Коцев од непосредна близина го израмнува резултатот во Автокоманда
- Почеток на второто полувреме на натпреварите од 11. коло во ПМФЛ
- КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…
ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА (0-1)
0-1 – 35′ – ГОООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Пенал над Алтипармаковски. Мартин Стојанов успешен реализатор од белата точка
БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ (0-1)
0-1 – 32′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Мартин Мирчевски по претходната иницијатави носи водство за струмичани во Велес
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ (1-0)
1-0 – 25′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Ален Јашароски носи предност за тимот од Автокоманда!
ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА (0-0)
0-0 – 22′ – 100% шанса за Пелистер, Здравевски пред голот на Брегалница шутира но Денковски брани на самата гол линија
ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА (0-0)
0-0 – 18′ – Нова убава шанса за Брегалница. По корнерот на Додев од левата страна, Коцев на вториот дирек со глава но за малку покрај голот на домашните
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-0)
1-0 – 10′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Слалом на Гури пред голот на Работнички, ја сервираше топката до Елези на кого од непосредна близина не му беше тешко да погоди
ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА (0-0)
7′ – Одличен обид на Ескиќ од 20 метри, но за малку покрај десниот дирек од голот на Пелистер
ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 11. КОЛО ВО ПМФЛ…
- Познати составите и за дуелот во Тетово меѓу Шкендија и Работнички

- Познати составите за пресметката меѓу Пелистер и Брегалница

=====================================================================================
На натпреварите од денешното 11. коло од ПМФЛ, најинтересната пресметка во Тетово каде Шкендија го пречекува Работнички. Интересен дуел и во Битола меѓу Пелистер и Работнички.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

