Фудбалерите на Шкендија утрово заминаа за Талин на пресметката против естонскиот Номе Калју во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Македонскиот шампион е фаворит против Естонците во првата квалификациска рунда, па нескриени се очекувањата на тетовци дека со позитивен резултат ќе се вратат од Талин.
Првиот натпревар од 1. квалификациско коло за ЛШ меѓу Номе Калју и Шкендија се игра во вторник (9. јули) со почеток од 18 часот во Талин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА