Фудбалерите на Шкендија низ максимално позитивна атмосфера го очекуваат дуелот против Ботошани во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа, денеска од 17:45 часот во Романија.
Шефот на стручниот штаб, Ернест Ѓока пред натпреварот вели дека Шкендија единствено размислува само на триумф и пласман во следното коло.
„Ботошани е одличен тим, ги анализиравме добро нивните добри и лоши страни и веруваме дека ќе успееме да се наметнеме на утрешниот меч. Дојдовме да победиме, знаеме дека оваа сезона во Европа се игра по еден натпревар, се е поинаку и тимот е подготвен да одигра на таков начин. Верувам дека ќе биде квалитетен меч, затоа што и Ботошани и Шкендија ги карактеризира допадлив и технички дотеран фудбал“ – вели Ернест Ѓока.
Шефот на стручниот штаб на романскиот тим, Мариуш Кроитору, пак, пред натпреварот нагласува дека ги очекува тежок противник и неизвесен натпревар.
„Не чека тежок натпревар, но ова е историска шанса за нашиот клуб да ги продолжи европските натпревари. Шкендија е навистина силен тим и не знам зошто нам ни ја даваат фаворитската улога. Можеби затоа што ние сме од Романија, а Шкендија доаѓа од Македонија каде фудбалот е на пониско ниво. А, ако се погледнат резултатите од последните години на Шкендија се гледа дека имаат и големо интернационално искуство“ – вели Кроитору.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА