Меџит Незири нема да биде дел од Шкендија во пролетниот дел од првенството. Тетовските „црвено-црни“ се решија да се разделат со дефанзивецот. Причината наводно била поголемата минутажа која фудбалерот ја барал од клубот, а тимот не бил во можност да му ја вети.
Незири беше дел од Шкендија седум сезони, во кои забележа 155 натпревари. Со црвено-црните освои две титули. Тој е дел од „златната генерација“ во 2011 година која прва го освои трофејот.
„Шкендија ја користи оваа можност да му се заблагодари на Незири за неговиот придонес во црвено-црниот дрес овие години, и му посакуваме здравје и се најдобро во иднина“, се вели во соопштението.
Незири покрај Шкендија, беше дел и од Ренова, а беше дел и од Дачија и Вентспилс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА