Шкендија му се заблагодари на напаѓачот Чинари

Шкендија одлучи да ја заврши соработката со албанскиот напаѓач, Ералд Чинари.

По 18 месеци, заврши договорот на Чинари, по што одлучено е да нема продолжување со нов договор.

„Шкендија искрено му се заблагодарува на Ералд Чинари за неговиот голем придонес за нашиот тим. Неговиот придонес на теренот и надвор од него беше драгоцен за постигнатите резултати и за позитивната атмосфера во клубот. На Ералди му посакуваме успех во сите идни предизвици и убедени сме дека ќе продолжи да блеска во својата фудбалска кариера“ – порачаа од ФК Шкендија.

Се вчитува...