Шкендија му се заблагоради на Камер Ќака

Актуелниот првак на ПМФЛ и учесник во Лигата на Конференции тимот на Шкендија, објави дека ја раскина соработката со играчот за врска Камер Ќака. Раскинот е со договор на двете страни.

Ќака беше дел од Шкендија во два периоди. Прво се приклучи на тимот во јануари 2021 година, и го носеше дресот една година. Во јануари 2023 година одново се приклучи на тимот, потпишувајќи договор до 2026 година.

„Шкендија му се заблагодарува на Ќака за посветеноста, професионализмот и коректноста што ги покажа за време на престојот во клубот, и му посакува многу успех во продолжението на неговата професионална кареира. Вратите на клубот за него секогаш остануваат отворени“, стои во објавата на тетовскиот тим.

Претходно екипата објави дека и искусниот Егзон Белица нема да биде дел од Шкендија во пролетниот дел од сезоната.

Се вчитува...