Македонскиот прволигаш Шкендија реагира на одлуката на Дисциплинската комисија на ФФМ, која одлучи клубот да игра шест натпревари на домашен терен без публика, поради инцидентот што се случи на куп-натпреварот со Вардар во Тетово, кога навивачи влегоа на терен во обид да ги нападнат гостинските фудбалери. Ставот на Шкендија е дека казната е превисока и ќе упатат жалба до повисоките инстанци, напоменувајќи дека Вардар не бил така драстично казнет ниту кога на арената „Филип Втори“ беше нападнато нивното раководство.
Шкендија истакнува надеж дека во иднина нема да се повтори таков инцидент, а ќе упати жалба за оваа одлука на „дисциплинецот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА