Шкендија соопшти дека се раздели со Флорент Рамадани и Фитон Адеми пред продолжението од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
Тетовци информираат дека разделбата е на барање на фудбалерите, во желбата да добијат поголема минутажа во други клупски средини.
„Тоа беше барање и инсистирање на самите играчи за да одат во средини каде што ќе имаат повеќе минутажа. Клубот одлучи да ги прифати нивната желба, па дојде до меѓусебен договор за раскин на договорите“, се вели во соопштението од Шкендија.
25-годишниот Флорент Рамадани, кој игра во средниот ред, беше дел од Шкендија од 2019 година, а 23-годишниот напаѓач Фитон Адеми настапуваше за „црвено-црните“ изминативе три сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

