Шкендија на тежок терен за игра во Куманово, до рутинска победа со Башкими (ВИДЕО)

Шкендија дојде, се чини, до рутинска победа од 1-3 на гостувањето против Башкими во последното есенско коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ од Тетово поведоа на дуелот во Куманово уште во 4. минута по нафрлањето од левата страна и автоголот на Алими.

Но, домашните успеаја да израмнат по само три минути игра со голот на Алексовски.

Одличен во неколку наврати на голот на Башкими беше чуварот на мрежата Јашар кој го спасуваше својот тим, се до 34. минута но не успеа кога Тамба вторпат стрелаше за водство и од 1-2.

Во второто полувреме уште поголема доминација на Шкендија на тешкиот терен за игра во Куманово, по врнежливото време, за да во 74. минута и трет гол во мрежата на Башкими.

На асистенција на расположениот за игра Љатифи, стрелаше Адеми за конечни 1-3.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...