Шкендија најдоброрангиран македонски тим на УЕФА ранг листата

Европската куќа на фудбалот УЕФА денеска ги објави коефициентите на клубовите. Од македонските претставници на оваа листа се уште најдобро котира тетовска Шкендија која се наоѓа на 179. место со 6.500 поени.

Со ист број поени е и Шкупи (6.500), но тимот од Чаир е пет места послаборангиран од својот ривал Шкендија односно на 184. место. Актуелниот шампион Струга ТЛ е 291. со 3.500 поени.

На листата се наоѓаат уште и: Македонија ЃП 349. место, Силекс 358. место, Ренова 398. место, Тиквеш 411. место и АП Брера 412. место.

На врвот е Манчестер сити, пред Реал Мадрид и Баерн Минхен, а во топ 10 уште се наоѓаат и: Рома, ПСЖ, Вилјареал, Борусија Дортмунд, Челси и Интер.

Целата листа можете да ја погледнете на следниот линк.

Се вчитува...