Шкендија ќе мора на реваншот да го бара патот до финалето во Купот на Македонија откако во првиот полуфинален меч како домаќин не успеа да слави против Ренова, играјќи 1-1. Пелистер, пак, со предност ќе патува во Струмица на реваншот откако со пресврт 2-1 (0-1) славеше против Академија Пандев.
На дуелот во Тетово меѓу Шкендија и Ренова се се случи во првиот дел. Ренова прва дојде до водство со голот на Стојановски во 12. минута…
Но, „црвено-црните“ израмнија со погодокот на Изаир Емини во 26. минута од средбата…
На средбата во Битола, Јани Атанасов, го „замолкна“ Тумбе кафе со голот во 31. минута а по катастрофалната грешка на одбраната на домашните… за водство на гостите од 0-1.
Но, во второто полувреме комплетен пресврт. Најпрво во 61. минута Борче Маневски израмни на 1-1…
А, потоа во 90. минута од средбата Ристе Илијовски ги постави конечните 2-1!
Реваншите од полуфиналето во Купот на Македонија се играат на 11. април од 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА