Шкендија за првпат во својата и во историјата на македонскиот фудбал носи европска пролет во Македонија. Македонскиот шампион вечерва од 21 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје го очекува првиот натпревар од плеј-офот во Конференциската лига на УЕФА.
Тетовци ги очекува пресметката против турски Самсунспор во желбата низ двомечот да се стигне до осминафиналето во Конференциската лига. Капитенот Бесарт Ибраими вели дека одлична атмосфера владее во тимот, и иако сите се свесни за квалитетот на противникот
„Сонот ни се исполни, но сега сакаме уште и да се обидеме да одиме понатаму во Европа. Атмосферата во тимот е многу добра. Одиме на победа и тука и на реваншот. Зошто да не? Знаеме за силата на противникот, знаеме дека е фаворит, но покажавме дека дома играме добро и се надевам на добра игра и резултат“, истакна Ибраими на вчерашната прес-конференција пред денешниот натпревар со Самсунспор.
Македонскиот шампион има шанси да испише нова историја и да се пласира во осминафиналето во најмладото клупско натпреварување на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

