Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија вечерва ќе му гостува на Самсунспор во реванш натпреварот од плеј-оф фазата од најмладото клупско натпреварување на стариот континент, Конференциската лига на УЕФА.
И покрај поразот на првиот меч одигран во Скопје од 0-1, играчите на Шкендија дефинитивно немаат што да изгубат вечерва, а со храбра игра можат многу да добијат.
Тренерот на тетовци, Јетон Беќири на официјалната прес-конференција говореше за неговите очекувања за денешниот меч.
„Секако дека посакуваме утре да бидеме на највисоко ниво. И натаму за Самсунспор сметаме дека е силен тим, но веруваме дека ќе одиграме добар меч утре. Подобар од оној што го одигравме во Скопје. Ќе направиме се што е во наша моќ. За нас првиот меч беше тежок. Утре нормално дека ќе одиграме подефанзивно, но пак ќе се обидеме да наметнеме наш ритам, наша тактика. Го анализиравме доста противникот, на терен ќе се бориме до последниот атом на силите“ , изјави Беќири на вчерашната прес-конференција.
Натпреварот меѓу Самсунспор и Шкендија е со почеток од 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

