Шкендија: Незадоволни сме од судењето во ПМФЛ, но и во тоа што ФФМ го промени терминот за мечот со Вардар

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија излезе со соопштение во кое велат дека не се задоволни од судењето на последниот меч во кој ремизираа со Гостивар 2-2.

Покрај тоа тие не се задоволни што мечот против Вардар наместо во недела ќе се игра во сабота. Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на Шкендија.

„Сакаме да ве информираме за нашиот став во врска со последниот натпревар од 20. коло против Гостивар. Како клуб посветен на правдата и интегритетот на фудбалските терени, ние почувствувавме обврска да го изразиме своето незадоволство од делењето на правдата на овој натпревар, како и од промената на распоредот на средбите од 21. коло и дуелот против Вардар. Во оваа прилика испративме официјална претставка до надлежните органи на Фудбалската федерација на Македонија, во која ја изразуваме нашата загриженост за погрешно справување со некои ситуации во текот на играта. Ние како Шкендија продолжуваме да веруваме во транспарентност и објективност во процесот на делење на правдата и веруваме дека оваа реакција ќе биде третирана сериозно од страна на Федерацијата. Ова јавно соопштение е објавено за да се разјасни мислењето дека клубот реагираше сега, како и секогаш, на различни официјални канали или со соопштенија за јавноста. Значи, одговорот се испраќа до соодветните надлежни органи, без да сакаме во јавното мислење да се протолкува како да бараме алиби за секоја ситуација. Ви благодариме за вашата континуирана поддршка. Со почит Шкендија“, стои во соопштениот на тетовскиот клуб.

Се вчитува...