Шкендија од „нула“ ќе стартува против АИК во Скопје (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски прволигаш, Шкендија ремизираше на гостувањето во Стокхолм кај шведски АИК 1-1 во првиот натпревар од двомечот во 3. квалификациско коло во најмладото европско клупско натпреварување, Конференциската лига на УЕФА.

Фудбалерите на Шкендија со еден од најбрзите голови во историјата на македонскиот клупски фудбал уште во 26. секунда дојдоа до водство од 0-1 со голот на Ферхан Хасани. Домаќините успеаја да стигнат до израмнување преку некогашниот голем шведски талент, Џон Гвидети кој постигна гол за израмнување на 1-1 на асистенција на Себастијан Ларсон кој најголемиот дел од кариерата го помина во англиската Премиер-лига.

Во второто полувреме мируваа мрежите, па тоа значи дека двата тима ќе почнат од нула на реваншот за една недела во Македонија.

Реваншот меѓу овие два тима ќе се одигра за седум дена на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот.

Голот на Ферхан Хасани за 0-1 можете да го погледнете на следниот линк. 

Голот на Џон Гвидети за 1-1 можете да го погледнете на следниот линк.

Се вчитува...