Фудбалерите на Шкендија денеска во 19.30 часот ќе го играат реваншот од втората квалификациска рунда против ромаски ФЦСБ, во обид на гостински терен во Букурешт да го одбранат минималното водство од 1-0 од првиот дуел во Скопје. Тетовци имаат извонреде старт на овогодишната европска авантура, по елиминацијата на ТНС имаат одличен резултат и против ромаскиот првак, а успех на ревашот ќе значи и испишување на историја за „црвено-црните“ од Тетово, кои со пласман во третата квалификациска рунда за ЛШ би имале обезбеден пласман во групната фаза во европските купови, најмалку во Конферециската лига.
Затоа, влогот на денешиот дуел во Букурешт е огромен, но тетовци веќе покажаа дека знаат да одговорат на предизвикот дури и кога ја немаат улогата на фаворити. Тренерот Беќири знае како да го извлече максимумот од овој тим на Шкендија, која нема намера да игра „бункер“ на денешниот реванш.
„Се надевам дека ќе дадеме сè од себе на овој натпревар. Го почитуваме ФЦСБ. Мислам дека ќе биде тежок натпревар, во кој ќе се обидеме да дадеме сè од себе. Мислам дека мора да го започнеме натпреварот мислејќи дека вкупниот резултат е 0-0. Победата од 1-0 не значи ништо. Играме против силен тим и знаеме дека ќе биде тешко да ги елиминираме. Мора да веруваме. Мора да постигнуваме голови од можностите што ги создаваме и да имаме солидна дефанзивна игра“, изјави Беќири.
Романците најавуваат сигурна победа, но Шкендија дефинитивно има поинакви планови за вечерашниот натпревар, на кој македонскиот тим ќе стори се за да остане непоразен.
„Секако дека пред нас е тежок меч. Од друга страна сите ние во Шкендија веруваме во себе и своите квалитети. Според мене најважно е Шкендија да се фокусира на својата игра, треба да одиграме најдобро што можеме. Во фудбалот се е можно, за секунда да се сменат работите и покрај тоа што ние ја имаме таа предност од првиот меч. Овој меч е многу значаен за нас зошто може да донесе и пласман во групна фаза во едно европско натпреварување“, додаде голманот Гаје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

