Шкендија осамена на врвот, по освојувањето на „Филип Втори“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Актуелниот првак Шкендија ќе ја дочека репрезентативната пауза на врвот, и тоа со три бода предност во однос на Вардар. Тимот на Ќатип Османи, иако без повредените Бесарт Ибраими и Стенио Жуниор, покажа дека има широк ростер и оствари триумф (1-2) против Работнички на арената „Филип Втори“.

Работнички продолжува во стилот „топло-ладно“. Иако „романтичарите“ денеска одиграа добар натпревар, сепак, ги загубија бодовите во дуелот со лидерот.

 

Се вчитува...