Шкендија остана без важен играч за дербито со Струга ТЛ

Шкендија ремизираше на последниот дуел со Тиквеш, но проблем плус за тетовскиот клуб покрај двата загубени бода претставува повредата на Ване Крстевски.

Голгетерот заработи незгодна повреда на скочниот зглоб и мораше на биде изнесен на носилки од теренот, а деталните лекарски прегледи за среќа покажаа дека не станува збор за фрактура или за кинење на лигаментите. Станува збор за повреда на мекото ткиво во пределот на левиот скочен зглоб, а Крстевски веќе ја почнал рехабилитациската програма во тетовскиот прволигаш.

Според првичните прогнози, тој ќе го пропушти дуелот од Купот на Македонија со Шкендија Арачиново, како и следното прволигашко дерби со шампионот Струга ТЛ.

Се вчитува...