Фудбалерите на Шкендија претпладнево со чартер лет од скопскиот аеродром отпатуваа за Романија каде утре ги очекува натпреварот од 2. квалификациско коло за Лигата на Европа против Ботошани.
Тетовци во комплетен состав заминаа за Романија, низ максимално позитивна атмосфера верувајќи дека може да се совлада Ботошани за пласман во следната рунда квалификации од второто по квалитет европско клупско натпреварување.
Во редовите на Ботошани настапуваат и повремените македонски репрезентативци Давид Бабунски и Стефан Ашковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА