Шкендија по поволен разултат против Јагиелонија за историја во Европа

Фудбалскиот шампион на Македонија Шкендија вечерва на домашен терен ќе ја пречека полска Јагиелонија во натпревар од 3. коло од новата сезона во Конференциската лига на УЕФА.

Од тетовскиот тим се уверени во нов успех на меѓународна сцена. Пред мечот тренерот Јетон Беќири истакна дека противникот е добро анализиран.

„Го анализиравме противникот. Јагиелонија е силен тим кој доаѓа од првенството на Полска, можеби се мали фаворити на хартија, меѓутоа ние по традиција играме добро на Арената во Скопје. Веруваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат. Мислам дека Јагиелонија е и поквалитетен ривал од Шелбурн, според карактеристиките имаат поголеми сличности со Шкендија, па ќе се потрудиме да извлечеме максимум и од овој меч.“, изјави тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.

Очекувањата од овој меч ги истакна и фудбалерот Арбин Зејнулаи.

„Се подготвувавме квалитетно, ја анализиравме Јагиелонија, се работи за силен тим, но веруваме во нашите квалитети и ќе сториме се да стигнеме до нов успех.“, изјави Зејнулаи.

Натпреварот кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан со почеток во 21 часот.

Се вчитува...