Шкендија победнички против Башкими на стартот на 5. рунда во ПМФЛ (ВИДЕО)

Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, Шкендија славеше со 2-1 на домашен терен против повратникот во елитата Башкими во премиерниот натпревар од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Домаќините кои беа подобри на стартот од мечот, ја материјализираат добрата игра во 25. минута со голот на Решат Рамадани. По корнерот на Красничи, Рамадани најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и ја „закова“ топката во голот на Јашар.

До крајот на првиот дел тетовци имаа уште неколку шанси, но гостите успеаја да се одбранат па на пауза се замина со предност од 1-0 за Шкендија. Во вториот дел брзо домашниот тим зголеми на 2-0 со голот на Тамба во 53. минута.

Во 60. минута Башкими намали на 2-1, но по проверка на ВАР голот беше поништен поради офсајд. Oткако главниот судија на мечот Фатмир Бафто најпрво не досуди ништо, беше информиран од ВАР во 75. минута да ја погледне снимката, по што се одлучи поради играње со рака во сопствениот шеснаесетник на Фетаи беше досуден пенал за Башкими кој успешно го реализираше Хаџиќ кој намали на 2-1.

ПМФЛ 5. КОЛО: 

ДЕНЕСКА: 

ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 2-1 

(19.00) ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 

УТРЕ: 

(15.30) АП БРЕРА – ШКУПИ

(15.30) СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 

НЕДЕЛА 

(15.30) СТРУГА – ТЛ ТИКВЕШ 

(19.00) ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...