Шкендија полета за Анталија: Од денеска финалната фаза од подготовките (ФОТО)

Фудбалерите на Шкендија денеска во 12 часот, со лет од скопскиот аеродром преку Истанбул, отпатуваа за Анталија каде од утре стартува финалната фаза од подготовките за пролетниот дел од шампионатот.

Шефот на стручниот штаб Ернест Ѓока низ подготвителни натпревари треба да ја темпира формата на тимот во битката за шампионската титула.

Првата контрола „црвено-црните“ ќе ја имаат еден ден по доаѓањето во Турција, веќе утре против Зорија од Украина. За 30. јануари е закажан дуелот со украинскиот прволигаш Десна, на 3. февруари ќе следи натпреварот со Кајсар од Казахстан, а на 7. февруари ќе се игра мечот против гигантот Динамо Киев.

Се вчитува...