Шкендија попушти во финишот и со негатива од два гола се враќа од Ерменија (ВИДЕО)

Тетовска Шкендија е поразена минимално со 1-0 на гостувњето кај ерменскиот тим Ноах. Тетовци имаа позитивен резултат се до 81. минута од средбата, а тогаш во последните девет минути два гола за Ерменците за голема предност пред реваншот во Скопје за седум дена.

Вицепрвакот успеа да има егал по првиот дел, но на моменти и да биде подобар противник од домаќинот. Имаше шанси Шкендија, особено онаа на Крстевски која шутираше силно, но само по средината. И Ноах имаше две шасни, но не успеа да постигне гол.

Ноах беше подобар и поконкретен тим во второто полувреме. Шкендија како да гледаше само како да се одбрани, а тоа им се одби во глава. Во 81. минута изведен аут од Хамбарџумјан, Миљковиќ на првиот дирек со глава префрли до Грегорио кој со глава го совлада Талески.

И кога се чинеше дека со тој резултат ќе заврши мечот, од еден корнер Миљковиќ со глава го совлада Талески, и со тоа стави печат на победата.

Тетовскиот тим на реваншот го чека тешка задача, ќе мора да победи со два разлика ако сака да не доживее рана елиминација од Европа.

Се вчитува...