Шкендија поразена од казахстански Јелимај

Македонските фудбалски прволигаши и второлигаши продолжуваат со подготовките и контролните натпревари пресрет продолжувањето на сезоната во мак-фудбалот.

Тетовскиот прволигаш Шкендија одигра нов меч на подготовките во турска Анталија, каде со убедливи 0-3 беше поразена од казахстанскиот Јелимај.

Стрелци на головите за казахстанскиот прволигаш беа: Мулиќ во 37. минута, Муртазаев во 71. и Свиридов во 85. минута.

Се вчитува...