Шкендија поразена од Партизани во контролен меч

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија доживеа пораз во пријателскиот натпревар против Партизани од 2-1 како дел од подготовките за новата сезона во ПМФЛ и настапот во Конференциската лига на УЕФА.

Тетовци поведоа со 1-0 со голот на Красниќи уште во 2. минута од натпреварот. Албанскиот прволигаш до крајот направи целосен пресврт (1-2) со погодоците на Рапај во 31. минута и Кеко во 70. минута.

Шкендија во првото коло од Конференциската лига ќе се сретне со ерменска Ноа.

Се вчитува...