Шкендија поразена од Рајо во Мадрид во историското деби во Конференциската лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на македонскиот шампион Шкендија загубија со 2-0 на гостувањето против шпански Рајо Валјекано во историскиот прв натпревар за тимот во групната фаза од најмладото клупско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

Рајо беше подобар противник во Мадрид доаѓајќи до победата со два погодоци во првото полувреме.

Домаќините првата шанса ја имаа во 14. минута кога одлично интервенираше голманот Гаје и го зачува голот на гостинот. Во 21. минута, Цаке можеше за малку да си даде автогол, но сепак на крајот успеа во последен момент да интервенира и да ги задржи почетните 0-0.

Шпанскиот прволигаш до водство од 1-0 дојде во 28. минута со голот на Лопез. Само четири минути подоцна тие зголемија на 2-0 преку Перез.

Во второто полувреме Шпанците само рутински, се чини, ја одржуваа предноста

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА – 1. КОЛО

Динамо Киев – Кристал Палас 0-2

Јагелонија – Хамрун 1-0

КуПС – Дрита 1-1

Лозана – Бреидаблик 3-0

Лех Познањ – Рапид 4-1

Ноах  – Ријека 1-0

Омонија – Мајнц 0-1

Рајо Ваљекано – Шкендија 2-0

Зрињски – Линколн 5-0

Се вчитува...