Македонскиот првак Шкендија загуби од украинскиот прволигаш Зорја со 0-3 на пријателскиот натпревар во Словенија. Тимот на Ќатип Османи не успеа да наметне своја игра на овој дуел и заслужено беше поразен.
Зорја дојде во водство во 19.минута со голот на Владислав Кочергин. Во самиот финиш од дуелот, во 89.минута, Егор Шалфеев зголеми на 0-2, а Артем Громов во последните секунди го постави конечниот резултат на мечот.
Тренерот Ќатип Османи на стартот им даде шанса на следните фудбалери: Захов, Мурати, Бејтулаи, Муслиу, Мици, Хусмани, Алими, А. Ибраими, Тотре, Радески, Б. Ибраими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

