Шкендија потпиша договор со Максимов од Работнички до јуни 2026 година (ФОТО)

Шкендија го ангажира еден од најперспективните фудбалери во земјава, постигнувајќи договор за соработка со досегашниот фудбалер на Работнички, Методи Максимов.

20-годишниот крилен напаѓач, кој доаѓа од редовите на Работнички, со Шкендија потпиша договор до јуни 2026 година.

„Се чувствувам навистина среќно и задоволно. Чест и задоволство ми е да играм за Шкендија и ќе дадам се од себе за овој клуб“ – изјави Максимов по потпишувањето на 3,5-годишниот договор со Шкендија.

Максимов, кој е стандарден член на младата репрезентација на Македонија, во есенската полусезона одигра 14 натпревари за Работнички на кои постигна 3 гола дополнети и со две асистенции.

Се вчитува...