Есенскиот првак на Македонија, тимот на Шкендија, потврди дека оваа зима се раздели со тројца фудбалери. Од тетовскиот тим си заминуваат играчот од средниот ред Штефан Вујчиќ, дефанзивецот Иван Челиковиќ и голманот Илир Адили.
Вујчиќ беше сериозно повреден и немаше минутажа во првиот дел од сезоната, Челиковиќ не успеа да се наметне кај тренерот Ќатип Османи со своите игри, а Адили исто така ќе мора да си побара нова фудбалска средина, каде ќе добие шанса за настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА