Шкендија останува без еден од своите најдобри фудбалер за подолг период. Играчот за врска Штефан Вујчиќ и дефинитивно ќе има долга пауза, откако деталните медицински прегледи покажаа дека ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото. Тоа значи дека ќе мора во најскоро време да замине на операција, а потоа го очекува и долг рехабилитациски процес.
Првиот дел од сезоната за Штефан Вујчиќ дефинитивно е завршен, а доколку рехабилитацијата биде во најдобар ред, тој би можел да се врати на терените идната година, пред крајот на оваа натпреварувачка сезона. Тој се повреди на мечот против Хелсинки во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

