Шкендија поведе против Слован со автогол (ВИДЕО)

Иницијативата која Шкендија ја има во првиот дел од натпреварот со Слован Братислава, беше крунисана со гол во 33. минута од средбата.

Ибраими нафрли, а Кенан Бајриќ на прв дирек ја затресе сопствената мрежа, за предност на тетовскиот тим.

Шкендија напаѓа, има повеќе од играта во првите 30 минути, а Љатифи прв се закани уште во 8. минута, но неговиот удар го одбрани Такач. Слован имаше еден удар преку Марцели кој шутираше во блокот, а топката заврши за малку над голот во корнер.

Се вчитува...