Македонскиот шампион, екипата на Шкендија предвреме ги заврши подготовките во Словенија поради неопходноста за аплицирање за британски визи, неопходни за патувањето во Велс во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите против Њу Сеинтс.
Токму поради тоа, тетовци го откажаа и дуелот со Олимпија Љубљана, па веднаш по пријателскиот натпревар против ЦСКА Софија (1-1) се вратија во Тетово, три дена порано од првично планираното, бидејќи Британската амбасада ги одреди датумите за аплицирање за патни визи, за 26 и 27 јуни.
Последната контрола пред патувањето во Велс, Шкендија ќе ја има во вторник (01. јули) во Тетово, против албанскиот Динамо Тирана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

