Шкендија преку Кит Го, Вардар на мегдан со Македонија ЃП на патот кон четвртфинале во Купот

Шкендија одбраната на трофејот во Купот на Македонија ја продолжува против второлигашот Кит Го од Пехчево во осминафиналето од најмасовното домашно клупско натпреварување.

Првиот натпревар од осминафиналето Шкендија против пехчевци го играат денеска во Тетово, додека Вардар во првиот меѓусебен меч на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе ја пречека Македонија ЃП.

Од останатите дуели, Работнички гостува на Тиквеш во Кавадарци, а интересно се очекува да биде во дербито на Истокот во Штип каде Брегалница ќе биде домаќин на лидерот во прволигашката конкуренција, Академија Пандев.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (денеска, 15:13 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – КИТ ГО

Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Битола: ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА

Кавадарци: ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ

Скопје: СКОПЈЕ – СИЛЕКС

Гостивар: ГОСТИВАР – ПОБЕДА

Штип: БРЕГАЛНИЦА – АК. ПАНДЕВ

КОРАБ – слободен

  • Реваншите се играат на 10. октомври

Се вчитува...