Лудогорец е противникот на Шкендија во плеј-офот во Лигата на Европа. Бугарскиот првак е елиминиран од Ференецварош во 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите, и оди на мегдан со македонскиот тим.
Ференцварош со 3-0 го совлада бугарскиот шампион на реваншот, откако првиот меч заврши без победник и без голови. Меѓутоа на реваншот Унгарците беа целосно надмоќни над својот противник и славеа убедлив триумф.
Апсолутен херој на унгарската екипа е Варга кој постигна два гола, додека еден беше дело на Шалаи. Инаку на 0-0, на Лудогорец му беше поништен гол поради офсајд.
Првиот меч се игра во Скопје на 21. август, реваншот седум дена подоцна во Разград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

