Шкендија против Динамо Киев на „генералка“ за пролетната сезона

Шкендија и дефинитивно ги утврди тест-натпреварите како дел од подготвителната фаза за пролетниот дел од сезоната.

Тетовци првиот тест-натпревар ќе го играат против Беласица на 17 јануари во Струмица, со што започнуваат обврските за 2025 година. Во Македонија ќе имаат уште еден тест, на 22 јануари против Тиквеш во Кавадарци, а потоа следи преселбата во Анталија, Турција, каде што е планиран главниот дел од подготвителната фаза од 25 јануари до 8 февруари.

Во Анталија, Шкендија ќе одигра четири тест-натпревари со меѓународни противници, меѓу кои и екипи од Казахстан, Украина и Австрија. „Генералката“ ќе биде против украинскиот гигант Динамо Киев на 6 февруари.

Се вчитува...