Шкендија против Лудогорец – прв чин во битката за групите во Лигата на Европа

Групна фаза од Лигата на шампионите еден тим од Македонија ќе продолжи да ја сонува, барем најмалку уште една година. Ниту Шкендија оваа година не успеа во мисијата да обезбеди пласман во елитното европско клупско натпреварување. Елиминација од Карабах во третото квалификациско коло, и сега нова шанса за пласман во Лигата на Европа, онаму каде што беше Вардар во 2017 година, прв и засега единствен тим кој се квалификувал во групите на ова европско натпреварување.

Но, за Шкендија ова лето е посебно. Тетовскиот тим веќе е со групите во Лигата на Конференции во џеб. Но, за повеќе пари, повеќе слава и подобри противници, Шкендија вечерва го игра првиот натпревар во плеј-офот во Лигата на Европа. Противник е бугарскиот првак Лудогорец.

Лудогорец доминира во Бугарија. Тимот 14-та сезона по ред дојде до титулата во првенството кај источниот сосед. Ваква доминација не е видена никаде на друго место во Европа, а екипата од Разград по пропуштената шанса за групна фаза во Лигата на шампионите и елиминација од Ференцварош, сега сака пласман во Лигата на Европа.

„Не очекува тежок натпревар, затоа што играме против екипа која игра во Европа секоја година, веќе повеќе од една и пол деценија“, рече тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.

„Затоа треба да дадеме максимум, и да бидеме сериозни како на овој натпревар, така и на домашните мечеви од Првата лига. Освен мечот во Баку, мислам дека на другите мечеви во Лигата на шампионите одигравме добро. Притисокот е помал од минатите години кога Шкендија беше во плеј-офот. Сега имаме обезбедено групна фаза во Лигата на Конференции. Што се однесува до Лудогорец, ја имаме секоја информација. Ги следев двата меча против Балкани лани, но сега имаат нов стручен штаб и нов играчки кадар. Ние сме во период во кое треба да учиме од овие противници. Шкендија мора да расте од година во година како клуб“, изјави Беќири.

Мечот започнува вечерва во 20:00 часот, а сите интересни моменти следете ги на нашата веб страница на ЕКИПА, како и на социјалните мрежи.

Се вчитува...