Словенечкиот првак Мура ќе биде ривал на Шкендија во првото квалификациско коло од Лигата на Шампионите, беше одлучено со денешната ждрепка што се одржа во Нион.
Тетовци ја имаа улогата на носители во ждребот, а од четирите потенцијални ривали го добија актуелниот шампион на Словенија, кој сигурно ќе биде незгоден ривал за „црвено-црните“. Станувa збор за квалитетен состав кој за првпат се закити со шампионската титула во Словенија, со ист број бодови како и Марибор. Мура мина две пречки во ланскиот настап во квалификациите за Лигата на Европа, елиминирајќи ги Номе Калју од Естонија и Архус од Данска пред да загуби од ПСВ Ајндховен со вкупен резултат 1-5.
Првиот натпревар ќе се игра во Тетово на 6 или 7 јули, а реваншот е закажан за седум дена подоцна во Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА