Шкендија против Победа во четвртфиналето од Купот, скопска пресметка меѓу Македонија ЃП и Работнички

Шкендија ќе игра против прилепска Победа во четвртфиналето од Купот на Македонија на патот кон одбраната на минатогодишниот трофеј во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Денешната ждрепка во просториите на ФФМ одлучи тетовци да се соочат со Победа, а од останатите двојки повеќе од интересно ќе биде во скопската пресметка меѓу Македонија ЃП и Работнички. „Лавовите“, како што е познато во осминафиналето го елиминираа Вардар.

Најлесна задача ќе има Академија Пандев која го доби второлигашот Кораби од Дебар, а Силекс ќе се соочи со струмичка Беласица.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

СИЛЕКС – БЕЛАСИЦА

ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – КОРАБИ

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ

  • Првите четвртфинални натпревари се играат на 7. ноември а реваншите се закажани за 5. декември.

 

Се вчитува...