Извлечени се двојките за 1/4 финале од Купот на Македонија. Лидерот на табелата во домашниот шампионат Шкендија ќе му гостува во Кратово на Силекс. Второпласираниот Шкупи ќе и гостува во Струмица на Академија Пандев.
Останатите две двојки ги сочинуваат Струга Трим Љум – Ренова и Беласица Макеоднија ЃП. Во четвртфиналето повторно ќе се игра само еден натпревар поради пандемијата од коронавриусот, а мечевите на програмата се на 25. ноември.
ДВОЈКИ 1/4 ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА:
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ
СТРУГА ТРИМ И ЉУМ – РЕНОВА
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА