Шкендија првпат пред своите навивачи сезонава: Атак на три бода против Брегалница

Шкендија денеска во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе го игра првиот свој натпревар сезонава пред своите навивачи во Тетово.

По одложувањето на дуелот од 2. коло против Струга ТЛ, сега „црвено-црните“ ќе дебитираат на домашен терен во желбата за нова победа, овој пат против штипска Брегалница.

„Важно е што во првите два натпревари добивме максимални бодови и се надевам дека тимот ќе го продолжи овој тек и ќе дојдеме до нов позитивен резултат. Мислам дека не треба воопшто да разговараме дека единствена опција се трите бода кога играме на домашен терен. Првенството е многу долго, а домашните бодови се многу важни, без разлика кој ни е противникот“ – вели Ендрит Красниќи.

Но, и Брегалница има добар старт на сезоната желна за први гостински бодови.

„Шкендија е можеби најдобриот тим во лигата. Сигурно ја носат фаворитската улога, но ние не планираме предвремено предавање. Напротив, веруваме дека можеме до нова квалитетна партија, сигурно ќе има силна борба за нов позитивен резултат“ – истакнува фудбалерот од средниот ред на штипјани, Фабрицио Венегас.

ПМФЛ – 4. КОЛО (денеска, 16:30 ч.)
Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС
Тетово: ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА
Гостивар: ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ
УТРЕ (16:30 ч.)
Струмица: АП БРЕРА – ТИКВЕШ
27. СЕПТЕМВРИ 2023
Охрид: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...