Шкендија – Работнички и Шкупи против Академија Пандев во четвртфиналето од Купот на Македонија

Шкендија против Работнички и Шкупи против Академија Пандев се најинтересните четвртфинални двојки во Купот на Македонија.

Ждрепката во Фудбалската федерација на Македонија сакаше да вкрсти дел од најдобрите македонски екипи, а двете второлигашки екипи во четвртфиналето Брегалница и Лабуништа ќе се соочат меѓу себе. Во последната четвртфинална двојка, Струга Трим Лум ќе игра со Ренова.

Првите натпревари се играат на 4. декември, а реванш натпреварите се играат на 4. март следната година.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Струга ТЛ – Ренова

Брегалница – Лабуништа

Шкендија – Работнички

Шкупи – Ак. Пандев

Се вчитува...