Раководството на Шкендија објави дека македонскиот вицепрвак денеска ја прекинува соработката со тројца свои фудбалери. Станува збор за Дино Меџедовиќ, Јуре Чолак и Бесир Нухии, од кои договорите со Меџедовиќ и Чолак се раскинати спогодбено, додека Нухии си заминува на барање на самиот фудбалер.
„Им заблагодаруваме на тројцата фудбалери за придонесот додека беа дел од нашиот тим и им посакуваме се најдобро за во иднина“ – се вели во кусото соопштение на Шкендија.
Тетовскиот клуб утре патува за Финска, каде в четврток ќе се сретне со Хелсинки во реванш дуелот од квалификациите за Лигата на Европа, откако Шкендија го доби првиот меч на домашен терен со 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА