Шкендија има повеќе од незаслужена негатива од 3-0 по првото полувреме на пресметката со Розенборг, ако се суди според играта и бројот на можностите на двете екипа на мечот во Трондхајм.
Нереални 3-0 за Норвежаните ако се знае дека тетовци уште од стартот имаа две убави можности преку Емини и Жуниор. Но, потоа следеше казната со феноменалниот лоб на Исам Џебали, кој од 25 метри ја искористи и крајно лошата поставеност на голманот Захов…
А, во 15. минута на 2-0 зголеми Никлас Бендтнер…
Потоа се беше повторно во знакот на Шкендија… Стенио Жуниор имаше шанса во 25. минута, извонредна можност и на Бесарт Ибраими но домашниот голман со одлична одбрана спречи погодок, за да потоа во 29. минута Ибраими го погоди и дирекот од голот на Розенборг.
Следеше уште една можност на Ибраими кој во 38. минута одлично изведе слободен удар но за малку не погоди.
И, потоа од брз контранапад нов погодок на Розенборг во 44. минута преку Џонатан Леви за 3-0…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА