Шкендија ремизираше со Ордабаси за крај на подготовките во Анталија

Шампионот Шкендија со реми (1-1) против казахстанскиот Ордабаси ги заврши тест-дуелите за време на своите подготовки во Анталија.

Ордабаси поведе со голот на Мејли уште во првото полувреме.

Но, во вториот дел Трумчи постигна погодок за израмнување и конечни 1-1.

Шкендија последниот период од зимската пауза ќе го искористи за финални подготовки на домашен терен, пред возбудувањата на домашната сцена но и во елиминациската фаза во Конференциската лига на УЕФА против турскиот Самсунспор.

Се вчитува...