Шкендија е лидер на првенствената табела, а пред репрезентативната пауза сака да се зацврсти на врвот со триумф над Силекс кој влезе во негативна серија. Тетовци се надеваат на трите бода, но и составот на Горан Симов планира конечно да стави крај на лошите резултати. Ова е мечот кој ќе предизвика најголемо внимание од денешната програма на осмото коло во Првата фудбалска лига.
Работнички ќе го пречека тимот на Академија Пандев во Маџари и се надева на трета победа оваа сезона. Тренерот на „романтичарите“, Ратко Достаниќ, има проблеми со неколку повредени фудбалери, а Југослав Тренчовски сака и втор позитивен резултат во низа откако повторно седна на клупата на Академија Пандев.
На Чаир, Шкупи со старо-новиот тренер Умит Каран ќе го пречека Борец и сака да се врати во победнички ритам. Но, велешани се досега можеби и најпријатното изненадување во лигата. Во Ѓорче Петров, Македонија ЃП ќе биде домаќин на Струга Трим Лум. Ќе биде тоа интересен дуел на два тима кои имаат амбиции за горниот дел од табелата. Беласица ја пречекува Ренова, два тима кои многу лошо го започнаа новото првенство.
Утре ќе се одигра „вечното“ дерби меѓу Пелистер и Вардар.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 8. КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч.)
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
РАБОТНИЧКИ – А.ПАНДЕВ
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ
ШКУПИ – БОРЕЦ
БЕЛАСИЦА – РЕНОВА
ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (УТРЕ, 15 Ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

