Во заостанатиот натпревар од Првата македонска фудбалска лига, Шкендија со пресврт триумфираше со 1-2 против „фенерџијата“ Шкупи, благодарание на погодоците во второто полувреме.
Се мачеа „црвено-црните“ на дуелот кој се играше во Струга, дозволувајќи Шкупи да поведе во 57. минута со погодокот на Луис Рибеиро.
Но, потоа следеше комплетниот пресврт. Најпрво во 72. минута Фетаи со глава погоди по корнерот од левата страна за 1-1.
А, потоа, во 80.минута од средбата, и Латифи се запиша во листата на стрелците, на асистенција на Тамба, за конечна победа од 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

