По конфузијата што настана околу одржаното ОФС Тетово, и претстојната трка за претседател на ФФМ на Редовното изборно годишно собрание, претседателот на Шкендија, Абдулменаф Беџети, излезе со став во јавноста, напоменувајќи дека клубот останува неутрален и незевисен, без да поддржува „опозиционерство“ или да застанува на страната на било кој кандидат за прв човек на македонскиот фудбал.
„Шкендија продолжува со својата стратегија на слободен и независен субјект, а тоа се подразбира и во процесот за структуирање на ОФС Тетово, како и целокупната трка за избор на раководство на Фудбалската федерација на Македонија. Не сме на ниту една од „спротивставените“ страни, и сакаме да изразиме поддршка за единство и ефикасност за развојот на спортот, а посебно на фудбалот во Македонија. Се надеваме дека овој пристап ќе го имаат и сите други субјекти, институции и клубови во нашето опкружување“, изјави претседателот на Шкендија, Абдулменаф Беџети за официјалниот сајт на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА